Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

„ПУЛС“ ПОВТОРНО ПРЕД СУД: Одбраната денеска продолжува со своите докази

Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на ред се доказите предложени од одбраната.

На претходното рочиште се водеше спор околу градежното вештачење и прашањето дали во објектот имало реконструкција и пренамена или само ентериерни зафати. Родителите на загинатите повторно го отворија прашањето како концертот воопшто бил дозволен ако објектот немал соодветна документација за работа.