Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Димитријевиќ: AKT СДСМ ја претстави новата платформа против корупција (МИЦКО), пријавете!

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар:

Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот.

Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал или скратено МИЦКО (https://micko.mk/)

Платформата е посветена на истражување и архивирање јавно достапни материјали и извештаи за наводни корупциски операции во Македонија.

Ние ги собираме, анализираме, организираме сите информации од различни извори како би обезбедиле транспарентност и информираност на граѓаните, на јавноста.

Што правиме?

Истражуваме случаи. Длабински прегледуваме тендери, медиумски објави или случаи на корупција, вклучително и проверени судири на интерес и останати сомнителни операции во политиката, јавниот сектор, локалните и државните институции.

Ги архивираме податоците, креираме регистар на наводни случаи со наведени извори, датуми и релевантни детали, овозможувајќи лесен пристап и пребарување.

Промовираме транспарентност: Делиме анализи и известувања како граѓаните но и новинарите, експертите, невладините организации можат да дадат придонес.

На платформата против корупцијата веќе се објавени досегашните бомби на АКТ.

Случајот со една фирма со двајца вработени основана лани која добила тендери од 9 милиони евра.

Случајот со фирма која добила 161 тендер вредни 5,3 милиони евра.

И секако скандалот за преземањето на Алта Банка, со сомнителен капитал, кој НБРМ го дозволила под сомнителни околности.

Од денеска платофрмата е активна и целосно оперативна, на ваше располагање.

Ги повикуваме сите граѓани, невладини организации, истражувачи, новинари, медиуми, да ни се приклучат.

На платформата има можноста граѓаните да пријават корупција и криминал – директно.

Има посебен дел, простор за да се внесат информации и директно да се прикачат документи. Секој граѓанин може да пријави, дури и анонимно.

Почитувани граѓани, пријавувајте! Ние сме вашиот глас. Заедно се бориме против корупцијата и криминалот.

Сите ќе одговараат, од прв до последен!

Ова е заедничка борба за државата, за правдата.

Работата не е завршена.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК