Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

Соопштение на СДСМ:

Денеска „Тајмс“, еден од најреномираните британски медиуми, објави дека Владата на Мицкоски официјално преговара со Велика Британија за отворање мигрантски кампови во Македонија!

Предавникот Мицкоски, кој се колнеше во татковина и викаше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Со ова предавство државата станува отпадна периферија на Европа.

Според текстот, разговорите почнале уште во раната есен, во период кога Мицкоски во земјата глумеше патриот и уверуваше дека нема да се отвораат кампови. За секој примен мигрант, Мицкоски и владата ќе добиваат пари од Британија. Тоа значи дека Мицкоски ја продава државата, ја претвора во мигрантски логор за ситни пари. Ова е трговија со суверенитетот, со безбедноста и со иднината на нашите граѓани!

Уште пострашно е што, според „Тајмс“, мигрантите ќе имаат можност да бараат азил и да работат во Македонија. Ова значи дека владата планира трајно населување и отворање на пазарот на труд за мигранти во градежништвото и други гранки.

Истата таа ВМРО–ДПМНЕ која собираше потписи и организираше протести против „измислени мигрантски кампови“ сега ја спроведува вистинската шема за нивно отворање. Ова ли е патриотизмот, Мицкоски? Од денес ти си предавникот на македонскиот народ, трговец кој ги продава граѓаните и безбедноста затоа што му требаат пари. Зад завесите се случува најголемата политичка перверзија и предавство во историјата на државата.

Граѓаните мора да знаат: ова е прашање за опстанокот на државата.

Мицкоски ја стави Македонија на продажба, ја претвора во мигрантска периферна зона на Балканот, земја без контрола, без достоинство и без иднина.

СДСМ најостро се спротивставува на ваквите тајни договори и бара премиерот веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори јавно: дали за неколку милиони евра подготвува да ја претвори Македонија во најголемиот мигрантски центар на Балканот?

Можеби ќе ве интересира

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК

Британски медиуми за планот: Илегалните мигранти ќе бидат депортирани во Македонија која е наречена „центар за враќање“, ќе може и да се вработат

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.