Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Британски медиуми за планот: Илегалните мигранти ќе бидат депортирани во Македонија која е наречена „центар за враќање“, ќе може и да се вработат

Една од поважните теми денеска во британските медиуми е дека Македонија би можела да биде центар за враќање на мигранти кои ќе бидат одбиени мигранти од Британија.

Според британскиот медиум The Sun Северна Македонија од неодамна започнала формални разговори со Велика Британија за депортирање на илегални мигранти во земјава.

Депортацијата која ќе ја прави Велика Британија, пишува весникот, доаѓа поради големиот број на нелегални имигранти кои тврдат дека се модерни робови, за да останат во Велика Британија и дека со тоа тие ги исмеваат британските закони.

„Велика Британија е во преговори со балканската нација за формирање „центар за враќање на мигранти“, при што Велика Британија е подготвена да плати за секое лице што ќе го земе“, пишува The Sun.

За возврат Македонија би добила инвестиции од Британија и секако безбедносна поддршка за спротиставување на руското влијание.

Мигрантите нема да бидат притворени или ограничени, што значи дека можат да ја напуштат земјата доколку тоа го сакаат, и исто така ќе бидат поттикнати да бараат азил или да земат работни визи во секторите каде што има недостиг.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.