Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и со Синдикатот на Клинички центар.
• Со синдикатите сме на иста страна, во постојана комуникација сме, одржуваме редовни работни средби и заеднички се залагаме за унапредување на статусот на здравствените работници. Во духот на социјалниот дијалог, разговаравме и ги разгледувавме можните аспекти за доработка на колективниот договор. Воедно, ги информирав претставниците на синдикалните организации за динамиката со која се одвива реализацијата на новите вработувања во здравството, кои беа привремено пролонгирани поради локалните избори, како и за трајното вработување на приватните специјализанти, истакна министерот Алиу.


