Соопштение на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ се уплаши од Лаура Ковеши. Знаат дека ова може да ги однесе сите во затвор, а не оди баш да се води кампања за избори од Идризово или од бегство, на пример некаде во Унгарија.
Овие илјада соопштенија што излегуваат од Кујната за лаги на ВМРО-ДПМНЕ се вистински показател за паниката. Лажни анкети, ФБ кампања на Груевски (кога бегалец не може поинаку), напади врз претседателот на СДСМ, фабрикувани афери, спинови, текстови на сите страни. Отвориле оган од сите оружја.
Мора да сфатите дека граѓаните го гледаат тоа. Не се граѓаните ниту слепи, ниту глупави.
Груевската стара школа повеќе не поминува. Тоа време помина.
Нè исмејувате, велите дека користиме вештачка интелигенција?
Па, од една страна, со тоа ги исмејувате Илон Маск, Доналд Трамп (а знаеме што сè знае тој да објави), но и цела една генерација млади. Млади на кои вашата школа на куцачки машини и факс-апарати од периодот на владеење на Груевски веќе не им важи.
Мора да сфатите дека времињата се менуваат. А за разлика од вас, користеле ние или не вештачка интелигенција, таа овде постои. Единственото во што вие сте се усовршиле е системот на грабеж и корупција. Тука сите ви оддаваат признание.
Велите, ние сме се плашеле од избори? Не се плашиме ние од избори, туку вие од затвор!
Знаеме ние, а знаат и сите, џабе ние да бараме избори, кога вие распишувате само тогаш кога вашите газди од странство ќе ви кажат.
Но да се вратиме на суштината.
Уплашени сте од бомбите и од Лаура?
И треба да се плашите!
Ние само што почнавме, а нашата Нова сила – нашиот АКТ работи со полна пареа.
Граѓаните нè поддржуваат, сите се дел од еден тим, еден фронт.
Сите НИЕ, граѓаните на оваа земја, сме против КОРУПЦИЈАТА!
За крај (ваш, наскоро), да ве известиме дека ние сега почнуваме. Ова е само загревање. Народот ќе види што сте правеле. Сите ќе одговарате!
А да, заборавивте да го спомнете Заев во соопштението. Немојте да го заборавате тоа.
Имаме една порака за вас:
„Сите ќе ве реши Лаура Ковеши!“
Утре – Нова бомба, аа истата банда! Тик так, одборјувањето започна!
Работата не е завршена!


