На 25 ноември 2025 година во Седиштето на Фронтекс во Варшава, Полска, висока делегација од Министерството за внатрешни работи, составена од шефот на кабинетот на министерот Ристо Ставревски и државниот советник во кабинетот на министерот Владимир Велковски, во име на министерот Панче Тошковски, присуствуваше на официјална церемонија на Потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Фронтекс (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража) за механизмите за жалби во врска со активностите кои ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија врз основа на Договорот меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.
Меморандум за разбирање потпишаа и останатите партнери и тоа Црна Гора и Република Србија.
Со потпишувањето на овој Меморандум за разбирање се потврдува добрата волја за продлабочување на воспоставената соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Фронтекс.
Целта и опсегот на овој Меморандум за разбирање е да се обезбеди соработка помеѓу двата постоечки механизми за жалби во рамките на нивните надлежности за размена на информации поврзани со наводите за повреда на основните права за време на сите оперативни активности на Фронтекс на територијата на Македонија.
Воедно на настанот беше одржан состанок на шефовите на гранични полиции, на кој учествуваа претставници на Одделот за гранични работи и миграции на МВР, каде се разгледуваа оперативните одговори на актуелните безбедносни предизвици на границите. Учесниците ја потврдија својата посветеност на продлабочување на соработката во управувањето со границите, истакнувајќи ја важноста на заедничката одговорност за безбедни и добро управувани граници.
Видео
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


