Соопштение на СДСМ:
Пред нас е уште еден скандал кој покажува дека и после Кочани имаме целосно нефункционален систем, неспособност и потфрлање на институциите, пред се на полицијата на Тошковски.
Во локал со дозволен максимум од 200 лица, имало над 700 луѓе или три и пол пати над дозволеното и спротивно на безбедносните протоколи. Опасност која можела да заврши трагично.
И полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за настанот кој бил пријавен и не презеле навреме мерки.
Дозволиле настанот да започне, да се наполни до опасност, а дури потоа, среде ноќ, во 00:10 часот, да биде прекинат.
Наместо да бега Тошковски треба да одговори на клучните прашања:
Зошто воопшто е дозволено настанот да започне со поголем број на луѓе?
Зошто МВР дозволило настанот со часови да се одвива со преполн капацитет, па дури по полноќ да го прекине?
Дали МВР ништо не научи од трагедијата во Кочани?
Фактите се јасни:
Настанот бил во преполн објект, ризичен за безбедноста и со часови никој не направил ништо. Тоа е класичен рецепт за нова трагедија. Тоа е рецепт за ново „Кочани“.
Бараме итна истрага и на МВР и на општината.
Бараме санкции за сите кои дозволиле да се загрозат животите на стотици граѓани: од МВР кои не реагирале па се до организаторите. Тошковски да не бега туку да преземе одговорност.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


