Во Карпош бил приведен 33-годишен маж, по пријава за физички напад врз неговата сопруга.
На 22.11.2025 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 33-годишен маж од Скопје, по претходна пријава од сопругата дека на 21.11.2025 околу 23:30 часот, во нивниот дом на подрачјето на Карпош, биле во физичка пресметка при што тој ја нападнал.
Подоцна, истиот ден, мажот пријавил дека и тој бил физички нападнат од неа.
Полицијата работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


