Во Пехчево била пријавена физичка пресметка меѓу три лица по претходна расправија.
Настанот бил пријавен на 22.11.2025 околу 17:30 часот во ОВР Берово. Според пријавата, во дворно место во Пехчево дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 29-годишен маж од селото Елшани, од една страна, и 59-годишен жител на Пехчево и 26-годишен маж од селото Умлена, од друга страна.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


