Centar.mk
https://www.youtube.com/watch?v=-eHZ_SuA140
-МАКЕДОНИЈА

Скопје: Семејна кавга прерасна во двојна полициска пријава!

Во Скопје била пријавена меѓусебна физичка пресметка меѓу брачен пар во нивниот семеен дом во Кисела Вода.

На 22.11.2025 во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој исто така и го одзел мобилниот телефон.

Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж поднел пријава дека околу 13:00 часот бил физички нападнат од неговата сопруга.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на фактите.

error: Соддржината е заштитена.