Centar.mk
ЗДРАВЈЕ

Високо преработената храна ги загрозува сите главни органи

Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“.

Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија.

Ненадејното зголемување на потрошувачката на високо преработената храна низ целиот свет ги охрабри корпорациите да користат агресивни методи за зголемување на продажбата, да манипулираат со научната дебата и да доведат до спречување на регулација, според студијата.

Серија од три научни трудови наведува дека милиони луѓе сè повеќе консумираат производи како што се готови оброци, житарки, протеински плочки, газирани пијалоци и брза храна.

Во САД и Велика Британија, повеќе од половина од просечната исхрана се состои од производи од високо преработената храна која за некои, особено помладите и посиромашните жители, сочинува до 80 проценти од исхраната.

Преглед на 104 долгорочни студии покажа дека 92 студии забележале зголемен ризик од хронични заболувања и предвремена смрт кај лица кои консумираат високо преработената храна.

Првиот труд во оваа серија покажува дека високо преработената храна ги оштетува сите главни органи. Луѓето не се биолошки прилагодени за нивната потрошувачка./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.