Ако сакате да ослабете, особено по претстојните свечености и новогодишните гозби, еве една многу ефикасна диета која го намалува апетитот и спречува прејадување, а ги топи и килограмите.
Палентата е клучот за брза детоксикација и слабеење. Оваа диета трае само четири дена, а нејзината тајна лежи во високата содржина на влакна – апсорбира вода, создава долготрајно чувство на ситост и спречува прејадување.
Зошто е моќна палентата?
Палентата обично се прави од жолто пченкарно брашно, но не можете да погрешите ниту со бело брашно.
Зошто палентата е толку ефикасна во слабеењето?
1. Бомба од влакна: Една чаша жолто пченкарно брашно содржи околу 8,5 г влакна, што е дури 34% од препорачаниот дневен внес за жени.
2. Ниски калории: Содржи многу малку калории (100 грама варено пченкарно брашно има само 70 калории).
3. Тајната на ситоста: Влакната апсорбираат вода, отекуваат и создаваат долготрајно чувство на ситост и спречуваат прејадување, што е основа на оваа диета.
Диетата со палента трае четири дена, а можете да ја повторувате секоја недела со следење на оваа диета четири дена и нормално јадење во другите три дена.
План на исхрана за 4 дена:
Понеделник
Појадок: 100 г палента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица
Ручек: 100 г палента, 50 г младо сирење и еден домат
Вечера: 100 г палента, чаша кефир
Вторник
Појадок: 200 г палента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица
Ручек: 200 г палента, 50 г урда и еден домат
Вечера: 100 г палента, чаша кефир
Среда
Појадок: 200 г палента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица
Ручек: 200 г палента, 50 г урда и еден домат
Вечера: 200 г палента, чаша кефир
Четврток
Појадок: 200 г палента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица
Ручек: 300 г палента, 50 г урда и еден домат
Вечера: 200 г палента, чаша кефир.
Совет за успех
Клучот за успех е хидратацијата. Палентата е полна со растителни влакна, па затоа е важно да пиете многу вода, чај или лимонада во текот на денот. Зголемувањето на внесот на течности ќе помогне влакната да отечат и ќе ве одржи сити подолго време, што ќе ви го олесни придржувањето кон исхраната./Извор:Makfax


