Секоја криза е голема шанса, но само ако се сфатат пораки од народот, порача за ТВ Сител екс генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
Според него причините за состојбата во СДСМ се повеќеслојни и не е коректно да се каже дека одговорност има само во сегашното раковдоство.
Петров смета дека се потребни дебати внатре во партијата и враќање на пасивизираните членови.
„Битно е членството кое е разочарано од СДСМ се врати назад а тоа, нема да се врати ако не препознае вистинска политика, сериозна реформа.
Ако нема дебата во една партија, таа партија не може да оди напред. Јас сеќавам сме имале дискусии по 6,8, 10 часа сме останувале во партијата, не разденувало на состаноци на ИО и ЦО. Во суштина од тоа сме излегувале посилни. Не можете вие некој само заради тоа што смета спротивно од вас да го оставите на страна“ порача Петров.


