Украинската герилска група „Атеш“ изврши саботажа на железничка пруга во Запорожската област, блокирајќи руските воени возови, кои потоа беа гаѓани со ракети, соопшти групата.
Оперативците го запалиле контролниот ормар на клучен дел од пругата кај Новобогданивка, на 50 километри од фронтот. Саботажата привремено ја нарушила руската логистика и довела до недостаток на гориво и муниција, што намалило интензитет на борбите во регионот.
Групата „Атеш“ редовно изведува саботажи на територијата на Русија и во делови на Украина под руска контрола, а во октомври извести за уништување на контролен ормар за сигнализација во Ростовската област./Извор:Makfax


