Centar.mk
СВЕТ

Мајка си го убила својот деветгодишен син во близина на Трст

Страшна трагедија го потресе италијанскиот град Мугија во близина на Трст, каде што мајка синоќа му го одзеде животот на својот деветгодишен син пресекувајќи му го гркланот во семејната куќа.

Жената е од украинско потекло и била одвоена од таткото на момчето, а семејството, како што се утврди, било под надзор на судот и социјалните служби, пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“.

Злосторството е откриено откога таткото на момчето се загрижил бидејќи не можел да стапи во контакт со својата поранешна сопруга.

Тој се јавил во полицијата, која, по пристигнувањето во станот во центарот на Мугија, го пронашла телото на детето. Лекарите можеле само да ја потврдат смртта./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.