Centar.mk
БИЗНИС

Трка за африканските минерали: САД го преземаат водството од Кина

Африканските земји се најдоа во центарот на битката меѓу САД и Кина. Африканскиот континент е богат со клучни минерали и метали, како што се литиум, кобалт и волфрам, неопходни за модерната технологија – од електрични возила до системи за вештачка интелигенција и оружје. Трката за ресурси доби пресврт: САД тивко ја престигнаа Кина како најголем странски инвеститор во Африка, објавува Би-би-си.

САД го преземаат водството
Според најновите годишни податоци од Истражувачката иницијатива за Кина и Африка при Универзитетот „Џонс Хопкинс“, САД инвестирале 7,8 милијарди долари во Африка во 2023 година во споредба со 4 милијарди долари на Кина. Ова е првпат од 2012 година САД повторно да го преземат водството. Оваа американска инвестиција ја води Американската корпорација за меѓународен развој (DFC), владина агенција основана во 2019 година за време на првиот мандат на претседателот Трамп. DFC отворено наведува дека нејзината мисија е да се спротивстави на Пекинг, а на својата веб-страница наведува дека е основана како алатка за „спротивставување на присуството на Кина во стратешките региони“.

Но, некои веруваат дека САД можеа да бидат во уште подобра позиција. Професорот Ли Бранстетер, меѓународен економист на Универзитетот „Карнеги Мелон“, тврди дека Вашингтон пропуштил можност. Според него, трговските тарифи што ги наметна администрацијата на Трамп врз африканските земји го намалија ентузијазмот за САД во целиот континент во време кога незадоволството од кинеските инвестиции растеше бидејќи се сметаше дека тие не обезбедуваат доволно придобивки за локалното население. „Доколку сегашната администрација неселективно не воведе тарифи на голем број африкански земји без очигледна причина, САД веројатно ќе беа во подобра позиција да го искористат незадоволството на Африканците од кинеските проекти“, вели професор Бранстетер.

Иднината носи нова конкуренција
Во иднина САД и Кина би можеле да се соочат со уште посилна конкуренција во Африка, заклучува Сепо Хаимамбо. Таа укажува на растечкиот интерес за континентот од земји како Бразил, Индија и Јапонија, што најавува нова динамика во глобалната трка за африкански ресурси./Извор:Makfax

Оваа статија има 337 прегледи

error: Соддржината е заштитена.