Centar.mk
СВЕТ

Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови

Кина ги укина специјалните пристанишни такси за бродовите од САД за една година, како одговор на сличен потег од Вашингтон, објави денес кинеското Министерство за транспорт.

Според соопштението на кинеското Министерство за транспорт, собирањето специјални пристанишни такси „ќе биде суспендирано за една година“ од 10 ноември, истовремено со суспендирањето на спроведувањето на релевантните мерки од страна на САД против Кина, како дел од спроведувањето на консензусот постигнат на економските и трговските консултации меѓу Кина и САД во Куала Лумпур во 2025 година, се наведува во соопштението.

На 17 април, американските власти воведоа специјални пристанишни такси за бродовите поврзани со Кина, а како одговор, Кина почна да наплаќа специјални пристанишни такси за американските бродови на 14 октомври.

Овој данок се применуваше на бродови во сопственост или управувани од американски компании, како и на бродови што пловат под американско знаме или се изградени во САД, пренесува Танјуг.

Во понеделникот стапија во сила низа кинески одлуки, со кои се укинаа дополнителните царински давачки за американска стока и извозните контроли за одредени американски компании.

Овие одлуки следеа по неколку рунди кинеско-американски трговски и економски консултации во Куала Лумпур, како и по состанокот меѓу кинескиот претседател Шји Џјинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, што се одржа на 30 октомври во Бусан, Јужна Кореја./Извор:Makfax

Оваа статија има 335 прегледи

error: Соддржината е заштитена.