Европската унија изјави дека е потребна „одлучувачка акција“ во врска со постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, кои, според европските преговарачи, ја ослабуваат позицијата на земјите од ЕУ во меѓународните разговори за климатските промени, објави порталот „Политико“, повикувајќи се на извори од Брисел.
„Американците повеќе не се во можност да ги одбијат нападите врз преговарачката позиција на богатите земји, што ја става Европската унија во непријатна позиција. Во Белем, на Конференцијата на ОН за климатски промени, апсолутно е потребно да му се даде решителен одговор на Трамп“, се наведува во соопштението на европските претставници.
Трамп неодамна изјави дека „ја добил војната против измамата за климатските промени“, откако основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, призна дека погрешил во своите претходни проценки за влијанието на човекот врз глобалното затоплување.
На крајот на јануари, американскиот претседател потпиша извршна наредба со која повторно ги повлекува САД од Парискиот договор за климата. Тој договор беше усвоен на 12 декември 2015 година, по 21-та конференција на ОН за климатските промени во Париз. За време на првиот мандат на Трамп, Америка веќе официјално се повлече од овој договор еднаш – на 4 ноември 2019 година.
Европските претставници стравуваат дека новото повлекување на САД од глобалните рамки за климата би можело да ги поткопа заедничките напори во борбата против климатските промени и да го ослаби кредибилитетот на Западот во претстојните преговори со земјите во развој./Извор:Makfax
Оваа статија има 331 прегледи


