Повратот на ДДВ собран преку апликацијата мој ДДВ за третиот квартал јули, август,септември 2025 треба да бидат исплатени најдоцна до 30-ти ноември 2025, односно 60 дена по завршувањето на кварталниот период.
Инаку со проектот Мој ДДВ, граѓаните во Македонија може во еден квартал може да добијат поврат на ДДВ и до 2.100 денари, тоа значи дека доколку едно четиричлено семејство скенира редовно може да направи поврат од 8.400 денари за еден квартален период.
За купување на македонски производи повратот е 20 отсто од ДДВ-то, додека за купување увезени производи тоа изнесува 10 отсто.
фото Centar.mk


