Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шемата на неговиот директор Стоилев?

Прес конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Директоот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ и човек поставен од министерот Цветан Трипуновски е фатен во скандал со мито.

Ова е уште една потврда дека корупцијата во земјоделието цвета, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството била дувлно на злоупотреби на парите за земјоделците од ИПАРД програмите.

Повеќе од година и пол низ земјоделските кругови се зборува дека се бараат провизии, се задржуваат предмети во фиоки, дека се вршат притисоци врз службеници кои одбиваат да бидат дел од тој механизам.

Сега тоа доби и конкретна потврда, директорот од ДПМНЕ е фатен со рацете во криминал.

Прашањето е дали и министерот Трипуновски е замешен во оваа корупциска шема?

Ќе поднесе ли оставка или ќе гледаме уште една фарса без одговорност?

Уште колку други случаи на земање мито и злоупотреби се прикриени во Агенцијата и Министерството?

Овој корупциски скандал е директна закана ИПАРД програмата целосно да биде суспендирана од ЕУ.

Доколку продолжи оваа состојба, ќе се блокираат милиони евра кои треба да завршат кај македонските земјоделци.

Затоа мора да им целосна одговорност од првиот до последниот.

Со години се градеше транспарентен и ефикасен систем што им помагаше на земјоделците да ги искористат европските пари преку ИПАРД програмата. Македонија беше првa во регионот по искористеност на ИПАРД, вистински пример за успешна европска приказна.
Денес, по само година и пол власт на ДПМНЕ и Трипуновски избива огромен корупциски скандал. Ова е слика на Македонија под ВМРО-ДПМНЕ: држава на партиска корупција на секое ниво каде парите на земјоделците ги крадат функционерите на власт.
Одговорност за ова мора да има.

Можеби ќе ве интересира

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК

Следува продолжен викенд – ова се преостанатите неработни денови до крајот на 2025

ДЕСК

Излета автомобил, едно лице тешко повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.