– Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри. Тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони, фронтранери, па потоа ќе добиеме ново вето и нови проблеми; рече Мицкоски како коментар за последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на земјава.
Во извештајот да потсетиме се бара Македонија да ги направи уставните измени со што ќе ги внесе Бугарите во Уставот како засебно малцинство, а со тоа би се отвориле првите поглавја од преговорите.


