Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

НОВ СКАНДАЛ СО “БРЗИ КРЕДИТИ”: Еве како на туѓо име подигнале голем број на кредити

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и лице(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични податоци, по што во текот на април и мај 2025 ги искористиле така што во име на лицето аплицирале за седум потрошувачки кредити во седум финансиски друштва за вкупен износ од 227.500 денари.

После тоа, второпријавената неовластено ги обезбедила, а подоцна и употребила податоците од банкарската картичка на лицето и извршила 11 успешни трансакции на банкомати на банки во Велес и Штип во износ од 214.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК

Обвинителството со детали за трагедијата во која загина познатиот директор од Скопје – возачот на пасатот не се приддржувал кон прописите

ДЕСК

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, НО И ПОЈАВА НА МАГЛА – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК