На 03.11.2025 во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода лице(37) и лице(26), двајцата од с.Требош, тетовско. При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управува првото лице, пронајдени и одземени се шест ќеси со марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


