Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Малолетници – разбојници и насилници завршија во полициската станица во Бит Пазар

На 30.10.2025 во Скопје, во Полициската станица Бит Пазар извршен е службен разговор со тројца малолетници, во присуство на нивните родители, поради основи на сомнение дека на 30.06.2025 извршиле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од КЗ врз малолетник од Скопје.

Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Исто така, од страна на полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар од слобода е лишен малолетник од Скопје поради тоа што изршил кривично дело „насилство“ на 22.10.2025 врз друг малолетник. Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активности за втора фаза, бетонирање на темели за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу трактор и фолксваген – има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу камион и автомобил на автопатот Пријателство – има повредени

ДЕСК