Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи им се заблагодари на граѓаните за поддршката и ја опиша кампањата како генерациска борба:

„Скопјани, ви благодарам од сѐ срце неизмерно за целосната поддршка и сите пораки!

Ова е генерациска борба! На сите непривилегирани и отфрлени, сите намачени и потиснати, од семејства со еден родител и семејства кои ја живеат агонијата на ова време кое е наменето за НИВ не за НАС!

Отчукуваат последните мигови на нивното време, сега сме ние на потег!” – напиша вчера Мециновиќ на социјалните мрежи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Меџити ги отвори вратите во Владата за политичари од опозицијата

ДЕСК

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

ДЕСК