Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на осмото издание на Парискиот мировен форум.

Сиљановска-Давкова утре, 29 октомври 2025 година, среда, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“.

Таа ќе говори на сесијата „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“, на која ќе се дискутира – како подлабоката регионална соработка може да создаде конкретни можности за младите преку заеднички инвестиции во образованието, мобилноста, иновациите и социјалната инклузија. На сесијата ќе се разгледа и како ангажманот на младите може да стане столб на демократската обнова и интеграцијата во Европската Унија.

Претседателката ќе присуствува на вечерата, којашто во чест на високите гости на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Можеби ќе ве интересира

Закани за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни

ДЕСК

Во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија, порача Касами

ДЕСК

Касами: Работев за сите граѓани на Тетово, без оглед на етничката припадност

ДЕСК