Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
РЕГИОН

ТРАГИЧНА СООБРАЌАЈКА ВО БЕЛГРАД: Пијан возач одговорен за смртта на тричлено семејство

Како што пишуваат српските медиуми страотна сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 00:50 часот во Нов Белград, на улицата Омладински бригада, каде се судрија два автомобила.

Во тешката сообраќајка загинаа три лица од едното возило – цело семејство – Маж (роден 1982 година), Жена (родена 1987 година), Дете (родено 2016 година)
, соопштија надлежните.
Возачот на другиот автомобил е уапсен под сомнение дека бил пијан и ја предизвикал несреќата.

Судирот се случил помеѓу Ауди и Хјундаи.

Возачот на Аудито, идентификуван како Н. Ѓ. (роден 2001 година), државјанин на Босна и Херцеговина, е уапсен веднаш по несреќата.

„Утврдено е дека возел под дејство на алкохол со содржина на алкохол во крвта од 1,17 промили“, соопшти Ивица Дачиќ, МВР на Србија.

Осомничениот Н. Ѓ. ќе биде приведен до 48 часа и, со кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, ќе биде однесен во надлежното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛЕКУ СМЕ НИЕ ОД СЛОВЕНИЈА: “Паднаа” двајца словенски министри по брутално убиство пред клуб

ДЕСК

50.000 евра и скапоцен автомобил за стан покрај море кој не е изграден: Македонец измамен во Улцињ

ДЕСК

Најавени зголемени инспекции: Казни од над 9.000 евра за незаконски продавачи на цвеќе и цветни аранжмани во Хрватска

ДЕСК