По изборите најверојатно ќе бидат донесени законските измени со кои се заоструваат сообраќајните прекршоци, со што Македонија ќе стане една од ретките земји во светот каде полицијата ќе може трајно да одзема возила.
Сето ова би требало да започне да важи од 1. јануари 2026-та година, а исто така стапува на сила и новиот начин на казнување преку камери, па така доколку бидете фатени на камера додека правите прекршок ќе ви стигне меил и смс порака со казната и вашата слика закачена на неа.
Одземањето на возила, барем според она што во моментов се знае, би било во случаи каде што лицата возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дрога, и оние што управуваат со голема брзина.
Исто така беше споделено со јавноста дека со новите измени, нема да има зголемување на глобите, но новите санкции ќе бидат далеку поригорозни.
Покрај конфискација на возилото, со измените на Кривичниот законик, секое безобѕирно управување ќе носи и затворска или условна казна, покрај паричната.
Возилата кои ќе бидат трајно одземени ќе им бидат доделени на министерствата и институциите.
Сето ова наиде на реакции, бидејќи правото на сопственост е уставно загарантирано, а се отвори полемика во јавноста што доколку некој возач користи туѓо возило, на правно лице каде е вработен, рента кар или такси.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


