Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ со утринско соопштение: Убедливата победа во град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски во првиот круг, ги направи СДС петта партија во главниот град

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

91.663 граѓани го направија вистинскиот избор во градот Скопје и го заокружија бројот 9 за Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ. Оваа бројка и огромна победа во градот Скопје е јасен знак дека граѓаните сакаат просперитет, проекти и работа. Од друга страна пак, нашиот директен опонент, СДС, освои 26.737 гласови, со што Каја Шукова е четврти избор на граѓаните во Скопје

Исто така, и во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освоени 18 советнички места или 81.735 гласови. Од друга страна СДС е петта партија со едвај 5 советнички места или 24.612 гласови во Скопје.

Големата победа во градот Скопје во однос на СДС, поаѓа и од огромните победи на општините кои се дел од градот. Убедливите победи на Бети во Кисела Вода со над 10.000 разлика, Дарко во Бутел со разлика приближно 7.500 гласови, Боби во Гази Баба со победа над 10.000 гласови, во Ѓорче Петров разликата е околу 7.500 во корист на Александар, како и во Карпош, разликата во однос на СДС е околу 6.500 гласа за Сотир, а во Аеродром со Дејан разликата е приближно 9.500 гласови и Шуто Оризари победа за Ерџан од 1400 гласови разлика.

Во делот на советничките листи сме апсолутни победници, а во дел имаме и апсолутно мнозинство во општините во Скопје. Во Аеродром имаме 15 советници, во Бутел имаме 9 советници, во Гази Баба и Кисела Вода имаме по 17 советника, во Ѓорче Петров 14 советници, во Карпош 11, како и Шуто Оризари со 4.

ВМРО-ДПМНЕ го слуша народот и ги реализира нивните барања. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори има програма која ќе ја реализира во сите општини и градот Скопје. Ние ветуваме работа и дела, наспроти отменост, криминал, корупција и неспособност од страна на СДС.

На 2 ноември граѓаните имаат лесен избор, а тоа е вистинскиот избор и заокружување на бројот 9. За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!

Можеби ќе ве интересира

Почина Агим Јонуз – аналитичар и интелектуалец

ДЕСК

(ФОТОГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) Срце ќе ви се скрши, душа ќе ви заплаче: Катастрофално повлекување на Преспанското езеро – Ќе се оди ли пеш до островот “Голем град”?

ДЕСК

Мистерија: Додека копал со багер во кругот на Студентскиот дом “Стив Наумов” пронашол коски кои наликувале на човечки – јавен обвинител даде насоки за вештачење

ДЕСК