Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Според календарот тоа ќе биде недела, 26 октомври 2025 година, во 3:00 часот наутро, стрелките на часовникот се преместуваат за еден час назад во 2:00 часот наутро.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


