Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

Соопштение на СДСМ:

Порталот „Плусинфо“е во целосна функција на пропагандата на ДПМНЕ, и наместо да информира објективно, шири неточни интерпретации и со манипулативни наслови се обидува да извртува вистината од изјавата на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

На прес-конференцијата, претседателот Филипче јасно и прецизно истакна дека станува збор за „резултати од преброени близу 70% од гласовите“, што е проверлив факт, јавно достапен.

Наместо објективно, непристрасно и вистинито да ја информира јавноста, Плусинфо тенденциозно манипулира, етаблирајќи се како мегафон на ДПМНЕ.

Мегафоните на ДПМНЕ не може да го докажат „огроменнот триумф“ на ДПМНЕ затоа што бројките покажуваат спротивно, пад од над 140.000 гласа во однос на минатогодишните избори.

Тоа е факт што ниту еден пропаганден наслов не може да го сокрие.

Граѓаните заслужуваат точни информации, а не дезинформации во служба на власта. Плусинфо треба јавно да му се извини на д-р Венко Филипче и да ги исправи неточните наводи.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Исчистен сметот во Капиштец, се чисти во сите населби

ДЕСК

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе учествува на Mинистерскиот самит на Европската комисија во Подгорица – 20/10/2025

ДЕСК

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

ДЕСК