Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Демократски Сојуз
МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз: На самостојниот настап за советници во Конче, ДС освои 8,69% од гласовите и обезбеди советник во Советот

Демократски сојуз настапи самостојно за избор на советници во Советот на Општина Конче, при што од вкупно излезени 1.888 гласачи, Демократски сојуз освои 164 гласа или 8,69% од излезените.

За ДС освоените гласови се сериозен потенцијал за партијата што покажува дека ДС има сериозен потенцијал и солиден придонес во огромната победа на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ , предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упатува честитки до носителот на листата Јонче Здравев и останатите осум кандидати за советници и искрена благодарност до гласачите во општина Конче и населбите Долни Липовиќ, Горни Липовиќ, Габревци, Дедино, Ракитец и Лубница.
Демократски сојуз доследно ќе се залага за имплементација на изборната програма за Конче, водејќи сметка за рамномерен развој на сите населби.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе учествува на Mинистерскиот самит на Европската комисија во Подгорица – 20/10/2025

ДЕСК

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

ДЕСК