Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултати. По 20 години ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС, Струмица.
Уште во вториот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков го освои градоначалнички мандат, забележувајќи историска победа со разлика од над 5000 гласови.
Освен во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ победи и со тоа зазеде уште неколку општини во кои до сега градоначалници имаше СДСМ.
Во прв круг ВМРО-ДПМНЕ ги зазеде од СДСМ следните општини, Берово, Делчево, Маврово и Ростуша, а ги водиме во Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане, Валандово каде ќе одиме на втор круг.
ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалници во првиот круг во 33 општини, додека СДС само во три помали општини.
Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип се општините кои во прв круг добија градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Освен победата во прв круг во скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува во втор круг во општините Аеродром и Карпош, како и во Град Скопје.
Покрај историската победа на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на СДС, овие локални избори се забележува уште важен еден момент. ДУИ со нивната деструктивна и националистичка реторика и политика, е целосно декласирана.
Ова се историски резултати ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека минатите локални избори во 2021 година, во прв круг освоивме градоначалници во прв круг во 22 општини, додека СДС во девет. Годинава, за разлика од пред четири години, ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДС само во три и тоа во помали.
На овие избори македонските граѓани покажаа дека сакаат Македонија да напредува и да се развива, избра луѓе кои ќе работат во нивен интерес и во интерес на државата.