9,44 отсто излезност до 11 часот на територијата на цела Македонија.
Додека на локално ниво, ситуацијата е колоритна, па така најголема излезност има во Чашка каде има излезност 22,60 отсто, потоа следува Новаци со 19,13 отсто, Пробиштип – 17,64 отсто, па Крушево со 16,97 отсто, Крива Паланка 16,85%.
Според податоците на ДИК објавени онлајн, најслаб интерес за гласање има во Врапчиште каде гласале само 2,54 отсто.
На ниво на град Скопје до 11 часот гласале 9,38 отсто, според податоците на ДИК од избирачките места каде што се обработени.