19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

До 15:30 часот гласале 5385 немоќни лица и 810 затвореници

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа.

Од вкупно 8.848 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 15:30 часот своето право на глас го оствариле вкупно 5385 гласачи.

Од вкупно 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, од нив своето право на глас до 15:30 часот го оствариле 810 гласачи

Во установите за вонсемејна грижа, до 15:30 од 442 лица сместени во овие установи гласале 135 гласачи.

Гласањето за сите овие категории на гласачи тече непречено и без никакви проблеми и недоследности.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК