Денеска (18.10.2025) во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на лице(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ.
При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2 000 денари и еден мобилен телефон. Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес, а со лицето е извршен службен разговор и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.