18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи на англиски и француски јазик

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) во Стразбур на 20 октомври 2025 година ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд, велат од Комисија за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Стразбур.

По состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик.

Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде спроведено пред независни набљудувачи. Поканети се претставници од невладините организации „Коалиција сите за правично судење” и Македонско здружение на млади правници, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК

(ВИДЕО) Вербален инцидент во Кочани: Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник додека седеше во кафеана

ДЕСК