18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација во основните и средните училишта

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите. Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците на документот – министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова е исклучително важно да создаваме генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции.

Едукацијата ќе се реализира на интересен и интерактивен начин – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците. Активностите во училиштата започнуваат во декември и ќе се реализираат до крајот на учебната година.

Јаневска и Петрова очекуваат висока ефективност, а резултатите од проектот може да послужат како основа за надградување на наставните програми во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

ДЕСК

ЌЕ СЕ ПЕЧАТАТ НОВИ ЛИВЧИЊА: Погрешно распоредени бројчина на гласачките ливчиња во Ново Село привремено го стопираа гласањето

ДЕСК

Апсења кај Сарај

ДЕСК