17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Комненовиќ: Реализиравме 130 проекти, барам доверба за уште еден мандат да продолжиме со исто темпо

Кандидатот за градоначалник на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, ја побара довербата од граѓаните за втор мандат, со пораката дека изминатите четири години биле посветени на чесна, домаќинска и проактивна работа.

Во својот прв мандат реализирал 130 проекти , бројка што е далеку над она што е направено во последните 25 години.

„Во 2021 година затекнав општина со долг од еден милион евра. Денес, Општина Чучер Сандево должи 0 денари. Тоа е првиот резултат на нашата работа“, истакна Комненовиќ.

Меѓу досегашните реализирани проекти се изградба на канализациони мрежи во неколку села, реконструкција и асфалтирање на локални улици, изградба на спортски и детски игралишта, отворање на претходно недостапната градинка, обнова на јавното комунално претпријатие со нова механизација и подобрени услови за вработените, реконструкција на културниот дом, како и основање на пензионерско здружение и прва канцеларија за пензионери во општината.
„Немаме со што да ве уценуваме, ниту сакаме. Го бараме вашиот глас не со ветувања за работни места, туку со 130 реализирани проекти“, порача тој пред граѓаните.
Комненовиќ посочи и на опструкциите од страна на централната власт, кои, според него, на неколку наврати попречувале веќе договорени и финансирани проекти.

„Фирмите што ги избравме преку јавни набавки доаѓаат и велат дека имаат насоки да почнат со работа по изборите, само за да ни се направи политичка штета“, рече тој.

И покрај тоа, додаде, општината успеа да привлече средства, да распише и спроведе набавки и да избере изведувачи за голем број проекти.

„Градевме и кога Владата не беше на наша страна. И во такви услови обезбедивме пари, проекти, и градевме. Доказ за тоа се два мои најголеми проекти , канализацијата во Кучевачка Бара и Бел Камен и обновата на Културниот дом во Сандево“, посочи Комненовиќ.

Најави и проекти за следниот мандат: завршување на канализационата мрежа и изградба на прочистителна станица, асфалтирање на патот од Бутел до рудник Бањани, изградба на нова детска градинка во Кучевиште, нови сообраќајни решенија и два кружни тека, нови бушотини за вода во Кучевиште и Сушева, изградба на пензионерски дом во Чучер Сандево.

„Не барам поддршка зашто немаме што да работиме. Барам поддршка за да го довршиме она што го започнавме . На 19. октомври, ззаокружете број 5. Лесно се памти, тешко се заборава.“, порача Комненовиќ

Можеби ќе ве интересира

Драма среде Карпош: Партнерката прво му го удрила возилото, му ги оштетила гумите, а потоа го тепала…

ДЕСК

Пукање во Скопје – има материјална штета

ДЕСК

Полицијата тргна во акција: Серија апсења во Велес

ДЕСК