Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека не ги решил војните за да ја добие Нобеловата награда за мир, туку за да спаси животи и нагласи дека нема став по прашањето за можна палестинска државност.
„Никој во историјата не ги спречил осумте војни во период од девет месеци, а јас го направив тоа. Но, тие ќе прават што сакаат. Што и да прават, во ред е. Не го направив тоа за награда. Го направив тоа затоа што спасив многу животи“, објави Гардијан.
Во исто време, Трамп изрази оптимизам во врска со решавањето на преостанатите прашања што не беа опфатени со првите фази од договорот за прекин на огнот во Газа, но нагласи дека не сака да заземе став за идната палестинска држава. „Немам став за тоа. Ќе прифатам што и да се договорат“, нагласи американскиот претседател, пренесува CNN.
Тој, исто така, објави дека ќе отпатува во Египет за официјалното потпишување на договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел и дека е поканет да зборува во израелскиот Кнесет, што и тој го прифати./Извор:Makfax