5. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД ќе им нудат на тинејџерите мигранти 2.500 долари за доброволно враќање дома

Владата на САД планира да понуди 2.500 долари парична помош за тинејџерите мигранти кои доброволно ќе одлучат да се вратат во своите матични земји, јавува Си-Би-Ес њуз.

Во известувањето испратено од Министерството за здравство и социјална заштита во петокот, се наведува дека Министерството за внатрешна безбедност на САД ќе обезбеди еднократна помош „заради реинтеграција“ на мигранти без придружба, постари од 14 години, кои ќе одлучат доброволно да се вратат во нивната земја на потекло.

Оваа понуда се однесува исклучиво на малолетници кои се под надлежност на Канцеларијата за бегалци при Министерството за здравство, која е законски обврзана да ги смести во прифатилишта, згрижувачки семејства и други институции додека не наполнат 18 години или не им се најде соодветен старател.

Децата од Мексико не се опфатени со оваа мерка.

Според американските власти, повеќето малолетници кои сами ја преминале границата доаѓаат од Централна Америка без родители или законски старатели.

Доброволното враќање е посебен правен процес што мора да го одобри судија за имиграција, а грантот од 2.500 долари се исплаќа дури откако апликацијата ќе биде одобрена и детето ќе пристигне во својата земја.

Службата за имиграција и царина (ICE) вели дека програмата првично ќе им биде понудена на 17-годишници.

Оваа мерка е дел од пошироката стратегија на администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, насочена кон намалување на бројот на мигранти во САД, и преку присилни и доброволни депортации./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

C +

Турскиот парламент ќе разгледува закон за построги казни за малолетници кои извршуваат тешки кривични дела

C +

Кина ѝ испраќа разузнавачки податоци на Русија за попрецизни напади врз Украина, вели украински разузнавач

C +