Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот, се интервенира за негово расчистување, информира АМСМ.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ ЗА ТМВ:
Од 12:40 ч. се укинува забраната за ТМВ на регионалниот пат Маврово – Дебар.
Сообраќајот на регионалниот патен правец Бунец – Леуново од 17.00 часот е нормализиран.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.