Во деновите од викендов времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои наместа се очекува да се спуштат под нула степени. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.
Прогноза за 05.10.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 20°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Прогноза за 06.10.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 07.10.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд.