1. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото (c) Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ НАДОАЃА НАКАЈ МАКЕДОНИЈА, СЕ ОЧЕКУВА И СНЕГ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

Од денес попладне до петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка. Температурата на воздухот значително ќе опадне.

Во Скопје, од денес кон крајот на денот до петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, повремено побилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 03.10.2025
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 04.10.2025
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Променливо облачно со умерен, наместа засилен ветер претежно од северозападен правец.

Прогноза за 05.10.2025
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Градиме дом за стари лица, историска инвестиција за пензионерите

C +

Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

C +

Континуиран раст на наплатата на приходи од Царинската управа, во септември наплатени над 179 милиони евра

C +