26. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка:

Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа!

Три месеци по ред се намалува реалната нето-плата! Два месеци по ред се намалува номиналната нето-плата!

Во мај 2025 просечната плата била 45 796 денари, а во јули 45 276 денари!

Тоа значи 520 денари пониска плата, во услови на повисоки цени на основните трошоци.

Намалувањето на реална плата значи дека стандардот на граѓаните опаѓа а расте сиромаштијата.

Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство веќе надмина 65.000 денари месечно.

Граѓаните со својата плата купуваат сѐ помалку, бидејќи цените растат, а примањата опаѓаат.

Едно просечно домаќинство не може да ги покрие основните трошоци за храна, сметки, превоз и лекови.

Ваквиот пад на стандардот е директна последица на неспособната на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и промашените економски политики.

Ова е влада која воопшто не се грижи за граѓаните и мисли само на својот луксуз.

Додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај владата на Мицкоски троши 180 илјади евра за бадеми и лешници, за папаја и манго, за луксузирање на функционерите врз грбот на народот.

СДСМ ќе продолжи да се бори за граѓаните, да предлага мерки и закони за раст на платите, за намалување на трошоците за живот и повисок животен стандард.

Можеби ќе ве интересира

Собрани над 400 кеси отпад со реализација на проектот „Преку заедништво до почиста природа” – дел од dm еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи”

C +

Герасимовски: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

C +

Филипче: Ниту еден сектор не напредува, погрешните политики на власта ги плаќаат граѓаните

C +