26. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија?!

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Маја Борозан:

Почитувани,

За огромен криминал во Малешевијата уапсени беа 15 лица, меѓу нив и директори, полициски началници и шумски полицајци, осомничени за злосторничко здружување и пустошење на шуми со штета од над 100 милиони евра.

Но, она што е симптоматично е молкот на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто е овој молк?

Дали ДПМНЕ молчи затоа што во „периметарот“ на акцијата се наоѓа и началникот на шумската полиција и воедно кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Митко Костадиновски?

Дали како создавачи на ова злосторничкото здружение се токму началниците на ОВР Делчево и шумската полиција, партнерите во криминал Блашко и Митко?

Дали истите двајца го координирале движењето на незаконски исечената дрвна маса за да заврши во една делчевска компанија од дрвната индустрија?

ДПМНЕ и Костадиновски должат одговори на овие прашања.

Костадиновски е началник на шумската полиција, има највисока раководна позиција на органот кој е задолжен да ја чува шумата, да ги спречува уништувачите на шумите, бесправните сечи и шумските кражби.

Или началникот на шумската полиција Митко Костадиновски е инволвиран, или кандидатот за градоначалник на општина Виница од ВМРО ДПМНЕ е неспособен соодветно да ја извршува својата функција.

Трето нема.

Уште пострашно, Костадиновски има и судска пресуда од 2012 година за недозволено држење оружје и муниција.

Ете ова е „кадарот“ што ВМРО-ДПМНЕ им го нуди на граѓаните.

Митко Костадиновски не може и не смее да биде прв човек на Виница.

Граѓаните заслужуваат подобро и затоа ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, ќе покажат дека сакаат промени, чесни и одговорни луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Собрани над 400 кеси отпад со реализација на проектот „Преку заедништво до почиста природа” – дел од dm еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи”

C +

Герасимовски: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

C +

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

C +