25. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Со новата механизација го исчистивме сметот во Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека во текот на вчерашниот ден хигиеничарите од општината со новата механизација за чистење го собраа целиот смет од улиците во Центар.

„Целиот смет е собран од центарските улици. Нашите вредни хигиеничари вчера чистеа и во населбата Кале, а потоа со цистерна ги миеја улиците. Самите го исчистивме Центар, додека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ го преплавија цело Скопје со смет. Им благодарам на хигиеничарите што секојдневно се на терен, неуморно работејќи за наша почиста општина“, рече Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Црвените линии за СДСМ се јазикот, идентитетот, историјата и културните особености, за нив не се преговара

C +

Димитриеска-Кочоска: Внимателно се планира издавањето на еврообврзницата, постапката е започната, остануваме на планираните проекции

C +

Костадин Ацевски: Ќе ставиме крај на бетонизацијата во Хром – жителите заслужуваат инфраструктура и чиста средина, а не нови згради

C +