24. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски повторно на терен: „Комунална хигиена“ оставиле контејнери на сред булевар, целиот смет околу контејнерите не го собрале

Градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските хигиеничари и синоќа го чистеа сметот од центарските улици кадешто надлежност има ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Повторно, тој и хигиеничарите ја завршија работата на градската власт која очигледно има кренато раце од хигиената во градот.

Герасимовски, истакнува дека дел од контејнерите вчера биле исчистени од ЈП „Комунална хигиена“, но целиот смет околу контејнерите е оставен на улица, а неколку контејнери дури и ги оставиле да стојат сред булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов кадешто се движат возила.

„Повторно сме на терен. Нашите хигиеничари ја завршуваат работата на ЈП „Комунална хигиена“ на Град Скопје, денеска целиот град е хаос. Оваа локација нашите хигиеничари ја чистеле во утринските часови, но повторно е со смет. ЈП „Комунална хигиена“ ги исчистило дел од контејнерите, но сѐ околу контејнерите е оставено и мораме ние сами да завршуваме. Па, дури и дел од контејнерите коишто ги исчистиле ги оставиле сред булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Попратно видовме и дел од контејнери коишто се превртени и оставени така со смет. Сево ова нема да го дозволиме, нашите хигиеничари ќе бидат на терен во неколку смени“, рече Герасимовски.

Тој, повторно упати апел до градската власт навремено да си ги завршува своите обврски, и најави дека општината продолжува со чистење и во текот на денешниот ден.

Видео: https://www.facebook.com/gerasimovskig/videos/1482732092879519

 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: 180 илјади евра за бадеми и лешници, Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

C +

Кузеска: Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош а тој ја игнорирал?

C +

Мицкоски: Платите во јули пораснаа за над 10,5% споредбено со јули 2024, а државниот и јавниот долг се намалени за првпат по долго време

C +