Во борбата против кризите во државата, институциите затајуваат и нивните челници не се на ниво на задачата, порача во интервју за Рацин.мк универзитетската професорка и потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска.
Чупеска детектира неколку приоритети за надминување на кризите и поставување функционална државна администрација.
„Во борбата за наш дом, можеби некои чекори би биле следниве: итна департизација и професионализација на институциите, односно, вработување врз основа на стручност, а не на партиска припадност; итни реформи во правосудството; задолжителна транспарентност и одговорност за јавната власт, наместо скриени договарања и ексклузивност во одлучувањето; итно откочување на преговорите со ЕУ, бидејќи со самиот процес на преговарање, трансформативниот ефект ќе се ситуира во директна системска реформа“ смета Чупеска.
Сепак, таа додава дека за актуелниот естаблишмент, ништо од ова не им е интерес.
„Граѓаните немаат партнер во оваа Власт. Би повторила дека ќе мора да си го одбраниме нашиот дом, односно да се бориме за нашиот дом“ истакна Чупеска.
Извор: Рацин.мк